Денеска во Австрија на гробиштата Нојстифтер Фрадхоф, беше погребан легендарниот возач на Формула 1, Ники Лауда. Неговото тело беше изложено до 12 часот, по што следеше религиска миса и приватен погреб.
Лауда во вечниот дом бил облечен во комбинезон на Ферари, а на капакот била поставена неговата кацига. Легендарниот возча бил погребан на гробиштата каде почива и неговата мајка.
Медиумите пренесуваат дека на погребот присуствувале голем број на познати спортисти од Формула 1. Меѓу нив се најдоа и возачот на Мерцедес Луис Хамилтон, шефот на организацијата, Берни Еклстоун, првиот човек на тимот на Мерцедес, Тото Волф, Герхард Бергер, Алан Прост како и глумецот Арнолд Шварценегер.
Меѓу присутните беа и поранешниот пилот на Мекларен Мерцедес Дејвид Култхард и веќе поранешниот австриски премиер Себастијан Курц.
Предвидено е свој говор да одржат поранешните негови колеги, возачите Герхард Бергер и Алан Прост. Ники Лауда почина на 20 мај како последица на компликации на белите дробови. Тој беше трикратен светски шампион во Формула 1. Две титули освои со тимот на Ферари, а една со Мекларен.
Текстот (Галерија) Погребан Ники Лауда е превземен од Reporter.mk.