(Галерија) Се отвори хотел само за жени

Постојат многу хотели во Шпанија кои се дозволени само за мажите, а конечно се отвори и еден хотел каде може да дојдат само  жени.

На Мајорка, недалеку од Порто Кристо, е отворен хотел кој во своите простории пушта само припаднички на понежниот пол, кои мора да имаат над 14 години. Хотелот наречен “Som Dona” им нуди на гостите потполно уживање преку спа центрите, библиотеките, терасите на кровот, традиционалните јадења и другите видови на забава. Покрај тоа, се организираат и излети низ островот и разни културни активности.

Жоан Енрик Капеља, претседател на “Som Hotels” вели дека пред отворањето правеле истражување и откриле дека жените би сакале хотел само за себе. Хотелот вработува и лица од машкиот пол бидејќи законот за дискриминација на половите во Шпанија ги штити и мажите, но предност сепак му се дава на женскиот персонал.

Ентериерот на хотелот е уреден во нежни тонови. Овој хотел изгледа како идеално местo бидејќи покрај сè што нуди, ќе го избегнете и друштвото на оние кои сакаат да зборуваат за фудбал и политика.

“Една од нашите цели е да им пружиме одредена видливост на жените кои работат традиционално машки работи”, изјавил Капеља. Бројот на самостојни патувања е сè поголем, а една студија на “British Airways” покажува дека речиси 75 отсто од жените планираат патување без машко друштво.

 

 

 

Текстот (Галерија) Се отвори хотел само за жени е превземен од Reporter.mk.