(Галерија) Се продава куќата во која се самоуби Курт Кобејн

Куќата во која на 5 април 1994 година се самоуби Курт Кобејн, е ставена на продажба. Легендарниот музичар ја купил куќата во Сиетл три месеци пред да се самоубие.

Курт Кобејн и Кортни Лав ја купиле куќата во Сиетл во јануари 1994 година за 1 милион долари, а сега се продава за 7,5 милиони. Пејачот на „Нирвана“ во куќата се застрелал со пиштол во главата, а неговото тело по три дена го пронашол електричар кој дошол да го инсталира безбедносниот систем. Покрај телото имало проштално писмо напишано со црвено мастило.

 

Вдовицата на Кобејн, Кортни Лав, продолжи да живее во куќата до 1997 година, кога ја продаде куќата за 2,9 милиони долари. Сегашните сопственици добија закупни права во 2000 година и сега ја продаваат за 7,5 милиони. Домот има површина од 8.000 квадратни метри и е на 0,74 хектари земја. Има четири спални соби и четири купатила со посебна гаража и потпорен ѕид што дополнително е изграден во 1999 година.

Текстот (Галерија) Се продава куќата во која се самоуби Курт Кобејн е превземен од Reporter.mk.