Забележливо е присуството на учесници на парадата од повеќе држави, има Грци, Британци, Срби, Хрвати со знамиња „Скопје Прајд“.
Има полициско обезбедување, а МВР и претходно најави дека нема да дозволи никаков инцидент или насилство при одржување на парадата. На влезот во просторот каде се собираат учесниците на парадата ги претресуваат торбите.
Според најавите, групата ќе се упати кон Градски парк како крајна дестинација, а во рамки на настанот планирани се обраќања на активисти и на претставници на невладини организации и институции, како и музичка програма.
Текстот (Галерија) Скопје ја има Парадата на гордоста, стотици собрани за поддршка е превземен од Reporter.mk.