Тексас јакната е основа на пролетната гардероба. Во новата сезона, најмодерни ќе бидат тексас јакните во боја. Модерна е, практична и универзална и затоа се враќа секоја нова сезона.
Повторно ќе биде во тренд и оваа пролет, но покрај безвременските нијасни на сина – ќе се појави и нова боја. H&M моделот совршено се вклопува во најтоплите трендови!
Модерната јакна е достапна во жолта боја. Токму оваа боја е една од најмодерните за сезоната пролет/лето 2020. Јакната од шведскиот бренд има не само модерна боја, туку и крој на кој вреди да му обрнете внимание. Јакната е кратка, со рамен крој, со џепови на градите и класично закопчување.
Моделот привлече внимание кај корисниците на Инстаграм кои објавуваат постови со стајлинзи.
Кога е во прашање креирањето на модерни модни комбинации со жолта тексас јакна во главна улога, ви препорачуваме малку да експериментирате. Жолта јакна ќе одговара со маички со графички принт. Исто така можете да се обидете да го искомбинирате со здолниште во жолта боја или со други неутрални модни парчиња. Можностите се многубројни, но жолтата, иако е модерна, не е лесна за комбинирање. Уверете се дека другите елементи во стајлингот се убаво вклопени.
Текстот (Галерија) Совршена тексас јакна за оваа пролет е превземен од Reporter.mk.