На Бродот на среќата во Скопје неодамна се одржа журка по теркот на светските забави. Гостите можеа да уживаат во музиката на нашите најпознати диџеи, Галоски, Гоце Саф и Даки и Конга. Забавата беше замислена како патување на три локации – Берлин, Барселона и Ибица, па гостите можеа да пробаат автентични јадења од овие региони.
„Јегер забавата“ почна со Берлин – во овој дел од вечерта доминираше андерграунд хип-хоп музиката на Гоце Саф. Втората станица беше Барселона. Тогаш сѐ беше во знакот на латино музиката со диеј Даки и Конга. Гостите ги забавуваа и танчерки кои играа во латино стил. Забавата ја достигна својата кулминација на третата станица, Ибица, а за светската журка се погрижи диџеј Галоски. За гостите имаше многу изненадувања – интересни тетоважи, чаши со фотографии и подароци.
Текстот (Галерија) Светска журка на Бродот на среќата во Скопје е превземен од Reporter.mk.