Премиерот на Индија, Наренда Моди, на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија им подари реплика фигури од три мудри мајмуни, кои биле во сопственост на Ганди. Моди ја пречека претседателската двојка во неговата резиденција и им ја објасни на гостите важноста на ова место во индиската борба за слободата.
Трите мајмуни се редок исклучок кој Ганди го чувал кај себе, иако духовниот водач претходно се определил за животен стил со кој се одрекува од поседување какви било материјални добра. Трите мајмуни ги покриваат устата, очите и ушите и се познати ширум планетата по тоа што го претставуваат односот кон злото.
Првиот мајмун Мизару ги покрива очите и порачува „Не гледам зло“, вториот мајмун Киказару ги покрива ушите и порачува – „Не слушам зло“ и третиот мајмун Иваару ја покрива устата и порачува „Не говорам зло“.
За потеклото на трите мајмуни постојат повеќе теории. Некои велат дека се донесени од познат храм во Јапонија, додека има и такви кои тврдат дека скулптурите потекнуваат од Кина.
Иако трите мудри мајмуни се познати ширум светот, во различни краеви, различно се толкуваат. Додека во Јапонија го претставуваат златно правило, во будистичката филозофија го симболизираат избегнувањето на злите мисли. Во западните земји овие три мајмуни се користат како асоцијација на одговорни личности, односно лица кои се на власт, а кои ги занемеруваат моралните обврски и ја игнорираат нечесната работа околу нив.
За мафијата овие три мајмуни се симбол на кодексот на молчење. По дочекот на новоотворениот стадион за крикет пред повеќе од 100.000 луѓе, Трамп и Меланија беа во Агра и го посетија познатиот музеј Таџ Махал. Како и сите високи официјални претставници, и Доналд и Меланија Трамп се сликаа пред прочуениот храм Таџ Махал.
Текстот (Галерија) Трамп ги доби за подарок трите мајмуни на Ганди е превземен од Reporter.mk.