Како да изгледате елегантно на работа во текот на летото, а да ве забележат и додека шетате низ град? Репортер избра неколку опуштени комбинации кои се во исто време елегантни и впечатливи и за на работа и за на улица.
Креирањето модерен деловен стил претставува предизвик за секоја дама која работи во канцеларија. Правилата на облекување за на работа се јасни, но високите температури понекогаш може да бидат неподносливи. Што да облечете за на работа, а притоа да изгледате тренди?
Кратките блузи и кошулите со длабоко деколте се неприфатливи. Фустаните се најдобриот избор, па изберете фустан со миди должина, кој може да биде со линии или со точки и ќе го искомбинирате со елегантни сандали.
Оваа сезона во мода се и костумите, па затоа изберете модел во пастелна боја. И панталоните се добар избор. Меѓутоа, избегнувајте ја црната боја во текот на летото. Супер-стилизирано и елегантно решение би биле бели широки пантолони. Носете ги со свилена блуза или со едноставна кошула и ќе добиете одличен ефект.
Во лето не заборавајте да користите модни додатоци – шарената торба, модерната марама или ефектниот накит го прават секој деловен стајлинг уште поинтересен.
Текстот (Галерија) Тренди и на работа и во град е превземен од Reporter.mk.