Шведскиот хотел од мраз, Icehotel, се отвори пред неколку дена во селото Јукасарви, на 200 километри северно од Арктичкиот круг и веднаш до бреговите на реката Торен. Хотелот кој има 15 нови ледени апартмани, а се гради секоја зима од 1989 година. Најновата зграда од мраз е 29-та верзија на еден од најинтересните хотели во светот, а во оваа категорија го вброија туристите со онлајн гласање.
Оваа година, уметници и дизајнери користеа 30.000 кубни метри снег и мраз за да ја изградат зградата. Во хотелот се е од мраз, дури и чашите, креветите и столчињата. Освен уникатно дизајнираните луксузни апартмани, има сала за зимски церемонии и главен салон за забава на гостите. Во неа има 1000 рачно полирани ледени кристали кои формираат лустери. Во самиот хотел има скулптури од мраз кои го дополнуваат целиот впечатлив ентериер.
Текстот (Галерија) Уникатен хотел од мраз во Шведска е превземен од Reporter.mk.