(Галерија) Замрзна езерото Мичиген во Чикаго

Температурите кои во северните делови на Америка паднаа и до минус 40 степени го замрзнаа езерото Мичиген во Чикаго. Интересни фотографии од замрзнатото езеро се споделуваат на социјалните мрежи, а една од најшеруваните е таа направена од авион на која се гледа градот под снег споен со замрзнатото езеро.

Заради поларната зима локалните служби ги предупредија луѓето да не излегуваат надвор, а многу училишта и претпријатија се затворени, бројни летови се откажани, а железничките линии се во прекин.

„Луѓето изложени на екстремен студ може да добијат смрзнатини за неколку минути“, предупредува државната метеоролошка служба.

Тие велат деа ова е најниската температура во Чикаго во последните 150 години. Додаваат дека студот ќе продолжи и дека во одредени делови од САД температурата може да се спушти до минус 53 степени.

Текстот (Галерија) Замрзна езерото Мичиген во Чикаго е превземен од Reporter.mk.