Газди на кафичи во Кина ги нудат своите животни за да им прават друштво на гостите додека пијат кафе

Во Кина постојат повеќе од дестина кафичи кои на своите гости им нудат животни да им прават друштво додека го пијат кафето или чајот. Некаде можете да се дружите со мачки, кучиња, а постои и место каде друштво на гостите им прават панди. Газда на кафич во градот Ченгду, добил идеја да ги маскира неговите кучиња од расата чау-чау.

Тој ги офарбал своите милленици со боја за да може да изгледаат како панди, пренесува Travel&Leisure. Кафе-барот Cute Pet Games, се наоѓа во Ченгду, град кој е дом на неколку одгледувачки центри на вистински панди. Па оттука газдата на кафичот се решил да ја искористи туристичката атракција во регионот.

Тој почнал дури и да ги нуди своите услуги и да ги фарба и кучињата на неговите гости и други сопственици кои изразиле желба да ги маскираат своите миленици.

„Едно фарбање чини околу 1500 јуни, околу 212 долари, а потребен е еден ден за целосно се офарба кучето од расата чау-чау и се претвори во панда“, вели газдата на кафичот.

Тој објаснува дека има вработено посебен тим на експерти, како и дека бојата со која ги фарба кучињата е специјална и не предизвикува никаква штета по здравјето или кожата на животните.

Сепак неколку групи за заштита на животните протестирале, сметајќи дека фарбањето на крзното на животните не е етично и дека и покрај спротивните тврдења, тоа може да го оштети крзното и кожата на животните.

 

 

 

Текстот Газди на кафичи во Кина ги нудат своите животни за да им прават друштво на гостите додека пијат кафе е превземен од Reporter.mk.