Германски циркус ги замени животните со холограми

 

Германскиот „Циркус Ронкали“ е првиот циркус во светот кој ги замени животните со холограми, што и не е никако помалку спектакуларно.

Овој циркус постои со децении, но управата неодамна одлучи да ги замени животните со 11 проектори и ласери. Сите тие се стратешки поставени на различни места во салата, така што проектираат реални холограми на животни.

Целта на овој потег, како што соопшти раководството, е похуман однос и третман на животните.

Текстот Германски циркус ги замени животните со холограми е превземен од Reporter.mk.