Ги гледа вашите пораки и не реагира?

Доколку некој маж ви се допаѓа и спаѓа во категоријата оние кои не одговараат на пораките, постојат можеби причини за тоа.

Ја погледнува вашата порака и не реагира, а кога тоа го прави, одговорот се состои од неколку зборови. Во овој момент се случува жените да го вклучат алармот, да поставуваат прашања, да станат параноични и да размислуваат околу можните причини за таа оддалеченост. Всушност, повеќето мажи едноставно не сакаат да си разменуваат пораки, повеќе сакаат телефонски повик или директна средба.

 

Мажите се многу поконкретни од жените. Прашањето е едноставно, човек го има ова на ум: ако нешто мораш да ми кажеш, нема ли прво да ми се јавиш? Ако жените сакаат да комуницираат, да си разменуваат слатки пораки, мажите не сакаат. Има повеќе практични цели. Затоа ако не одговара на вашите пораки, не земајте го тоа премногу лично, жените и мажите имаат само различни потреби.

Што да правите ако не одговори?

Ако не реагира на пораките и се чувствувате лошо поради тоа, обидете се да останете јасни. Размислете за момент: можеби постојат многу причини поради што тој има ваков став. Можеби е зафатен, можеби побавно изреагирал, така што не мачете се себеси со прашање и дајте му шанса да се поправи.

Без недоразбирања, без ментални филмови. Тоа е дел од неговиот став, не е љубител на разменување пораки, но тоа не значи дека го интересира вашиот живот. Одете понатаму, заземете став на возрасна личност и разликувајте ги своите потреби од неговите. Со помош на оваа свест ќе можете да постигнете добра средина. Она што е многу важно е тоа што не смеете да дозволите да ве обземе паранојата.

Може компромис?

Добро, тој мрази пораки, вие ги сакате. Што да правите? Не можете да го известите, но можете да му објасните дека е важно да имате писмена размена, да делите моменти во денот кога не сте во можност да се слушате. Од друга страна, исто така можете да ги разберете неговите потреби и да ги ограничите пораките на одреден период во денот. Тоа ќе ве доведе до тоа да покажете посветеност и да го пронајдете соодветниот однос измеѓу вас двајца.

Текстот Ги гледа вашите пораки и не реагира? е превземен од Reporter.mk.