Ги заведувала нацистите па ладнокрвно ги убивала

Фреди Оверстеген, 92-годишна жена која починала во 2016 година, во младоста за време на светските војни убила најмногу нацисти од сите учесници во движењето на отпорот.

Фреди е родена во Харлем, во близина на Амстердам, на 6 септември 1925 година. На 14-годишна возраст се приклучила на холандското движење за отпор, пишува „Дејли ммејл“.

Заедно со нејзината постара сестра Трус и пријателката Хана Шаф успеале да спасат голем број деца Евреи од концентрациски логори. Нацистите ги ликвидирала со својот пиштол што го криела во корпата на велосипедот.

Со нејзината сестра и пријателка поставувале динамити на мостовите и железничките пруги по кои се движеле нацистите. Додека биле во баровите, прво ја стекнувале нивната доверба, а потоа ги ликвидирале.

„Моравме да го правиме тоа. Беше нужно зло“, изјавила Фреди во едно од своите интервјуа.

Фреди починала на 5 септември, ден пред својот 93. роденден. Таа била последниот преживеан член од најпозната женска група на отпорот во Холандија. Својот живот Фреди го посветила на борбата против нацистичкиот окуптор.

Двете сестри ја преживеале Втората светска војна. Трус по војната работела како уметничка и напишала голем број мемоари за своите искуства додека била во движењето на отпорот. Траумата од војната ја надминала откако се омажила и добила семејство. Има три деца и четири внуци.

Таква среќа немала нејзината пријателка која нацистите ја фатиле и ја погубиле неколку недели пред да потпишат капитулација.

 

Текстот Ги заведувала нацистите па ладнокрвно ги убивала е превземен од Reporter.mk.