„Гласна куќа“ е првата тинејџерска серија што се снима во Македонија
по 30 години. Актерите се од „Бејби шоу“ – школата на познатата македонска актерка Весна
Петрушевска. Серијата наскоро треба да се емитува на ТВ 24.
„Она што недостасува на медуимскиот пазар за нашите тинејџери е да имаат свои јунаци,
да се раскажат нивните приказни, да нурнеме во нивниот свет. Анастасија, Кики, Никола,
Кристијан, Мина, Давид, Софија, Јована се имињата на младите актери кои ќе ви го
разубават денот. Светот е наш во новата серија ‘Гласна куќа’“, пишува на фејсбук-профилот на продукцијата „КМК“, која ја работи серијата.
И Весна се јави на социјалните мрежи да каже дека актерот Игор Џамбазов е единствениот голем што го пуштиле да влезе во „Гласна куќа“ и тој го глуми таткото на близнаците.
Текстот „Гласна куќа“ е првата македонска тинејџерска серија е превземен од Reporter.mk.