Дваесет и едногодишната Моли Кларк го пријавила својот сопруг во полиција, откако открила дека тајни снимал деца и жени во тоалетите во рестораните за брза храна. Моли која минала само 100 дена во брак со нејзиниот сопруг, вели дека останала шокирана од снимките кои ги открила во неговиот мобилен телефон.
Како што пишува британски „Мирор“, во телефонот на Ричард Купер погледнала откако мислела дека тој ја изневерува, но била згрозена од тоа што го видела.
Подоцна открила дека Купер (25) тајни ја снимал и неа во тоалетот во нивниот дом, пред да почне да го прави тоа во рестораните.
На фотографијата која ја пронашла се наоѓале и деца од пет до шест години, тинејџери и мајка која на своето бебе му ја менувала пелената. Моли збеснала кога дознала дека нејзиниот сопруг избегнал затворска казна, односно бил осуден на само две години условно.
„Сватив дека мажот со кого се омажив не постоел. Не го познавав. Беше лажго кој живеел двоен живот и се надевам дека никогаш повеќе нема да го видам“, изјавила Моли за „Мејлонлајн“.
Како што раскажала таа, Купер од неа побарал да ги убеди родителите да му даваат по 500 фунти, одбивајќи да и објасни за што му се потребни парите, а потоа и рекол да не гледа во неговиот телефон, пред да излезе. Таа станала сомничава, затоа што Купер веќе еднаш ја измамил.
„Првото видео кое го видов е дете кое оди во тоалет. Само го фрлив телефонот“, изјавила таа.
Таа на својата мајка и ги покажала сликите, а истовремено открила и една фотографија на која се покажувало нејзиното лице. За неколку минути била на пат до полициската станица со неговиот телефон.
Но, поради тоа што избегнал затворска казна, таа сега се плаши дека може да налета на него.