Маж бил претепан пред една кино-сала во Хонгконг откако на фановите кои чекале во ред им ги откривал важните делови од дејството на филмот „Одмазници: завршница“.
Мажот викал на целиот глас и ги откривал спојлерите од филмот. Тој бил нападнат, а потоа раскрвавен го оставиле на улица.
Браќата Русо, кои го режираа филмот, претходно упатија апел до сите оние кои го гледале филмот да не откриваат детали од дејствијата во истиот и на тој начин да им го расипат расположението на оние кои не го гледале.
Филмот почна да се прикажува низ цел свет во четвртокот и досега ги сруши сите рекорди на заработка во кино-благајните.
Текстот Го претепале пред кино затоа што им ги откривал деталите од „Одмазници: завршница“ е превземен од Reporter.mk.