Аериканецот Џонатам Шмиц го застрелал својот сосед Скот Амедуре, кој бил хомосексуалец, во 1995 година, затоа што јавно, во емисија, кажал дека бил заљубен во него. Иако по емисијата, двајцата продолжиле да бидат пријатели, шегите кои подоцна ги правел Скот на сметка на Шмиц, биле причината за убиството.
Скот јавно ги кажал своите чувства во шоуто на Џени Џонс, кое во деведесетите години било многу популарно, речиси како и шоута на Опра Винфри, Џери Спрингер, Моури Пович, Монтел Вилијамс, Рики Лејк и многу други популарни водители во тоа време.
Во своето шоу, Џени сакала да покани анонимни луѓе кои сакале да признаат некои од нивните добро скриени тајни пред милионскиот аудиториум. Во едно од шоута биле гости и Скот Амедуре, Џонатам Шмиц и нивната заедничка пријатека Дона Рајли. Џонатан кој бил позади сцената, не знаел што го чека.
Тој мислел дека Дона е таа која јавно ќе му каже дека го сака, а не Скот. Кога дознал дека всушност Скот е заљубен во него, тој почна со сила да се смее, покривајќи го лицето со дланките.
„Не, не мислам дека сум геј. Јас сум хетеросексуалец“, рекол Џонатан Шмиц, со забележителна голема доза на нервоза и непријатност.
Тројцата по емисијата продолжиле да бидат пријатели. Заминале на пијалок, а Скот и Џонатан продолжиле да се шегуваат на целата ситуација. Никој не бил лут или повреден и ништо не укажувало на било какво убиство. Но, три дена подоцна сите медиуми известиле за невидено злосторство, кое настанало поради некаква глупа шега на Скот.
Џонатан не можејќи да ги издржи шегите на Скот, набавил пушка и го застрелал скот во градите пред неговиот дом. Иако брзата помошт стигнала за кратко време, сепак Скот немал никакви шанси. Подоцна на судењето на Шмиц, биле презентирани разни докази за да се намали неговата казна за убиство со предумисла.
На почетокот се претпоставувало дека Шмиц ќе добие казна затвор во висина од 25 до 50 години. Тој на судењето сведочел дека бил депресивен, затоа што неговиот татко физички го малтретирал како дете. Татко му признал пред судот дека бил хомофобичен, дека ги презирал хомосексуалците и дека користел навредливи изрази за нив.
Експертите го анализирале Џонатан и заклуиле дека постои шанса тој да е хомосексуалец, но се плашел да признае поради неговиот татко. Експертите сепак се произнеле дека главниот виновник за убиството било шоуто на Џени Џонс, за која тврделе дека станува збор за емисија која манипулира со човечките чувства.
„Ваквите емисии ги доведуваат луѓето во непредвидени ситуации. Се чепка во нивните најдлабоки скриени тајни пред милионска публика, а луѓето тоа го гледаат, затоа што им претставува некаква утеха дека сè е во ред со самите нив. Ваквите емисии постојат затоа што има луѓе кои сакаат да гледаат“, просведочил еден од експертите.
Тој објаснил дека гледаноста им е најважна на авторите на шоуто, затоа што станува збор за заработка на пари, објаснил експертот за медиуми.
Семејството на Скот ја тужело продукцијата Warner Brothers, која ја дистрибуирала емисијата. Тие сметале дека продукцијата е главниот виновник за смртта на Скот. Првостепениот суд донел пресуда дека, продукцијата мора да им се плати отштета на семејството на Скот во вистина од 25.000.000 американски долари.
По жалбата, Џени Џонс и продуцентите биле ослободени од вината, а одлуката за паричната казна била поништена. Емисијата никогаш не била прикажана повторно на телевизија, а во 1995 година Џонатан Шмиц бил осуден на 25. години затвор. Излегол во 2017. година, по 22. години. „Џени Џонс шоу“ престанало да се емитува во 2003. година.
Текстот Го застрелал својот пријател хомосексуалец, откако во телевизиско шоу му кажал дека бил заљубен во него е превземен од Reporter.mk.