„Снежното кралство 2“ ќе стане шести филм на „Дизни“кој оваа година заработи милијарда долари. „Дизни“ ќе ја заврши годината со заработка од над 10 милијарди долари, и со тое ќе стане прво филмско студио на кое му успеало тоа. Границата беше надмината откако „Снежното кралство 2“ стигна до заработката од 919,7 милиони долари на светско ниво и е на прагот да стане шести филм на „Дизни“ оваа година кој остварил приход од една милијарда. Од нив, половина се анимирани.
Рекордер, не само за 2019, туку и на сите времиња, е „Одмаздници: Завршница“ со заработени 2,798 милијарди долари, потоа е „Кралот лав“ (1,656 милијарди),па “Марвел“ (1,130), „Приказна за играчките 4“ (1,074) и „Аладин“ (1,051).
Сепак за крај на годинита од , „Дизни“ треба да дојде премиерата на „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“.
Текстот Година на “Дизни“-во 2019 стана прво филмско студио со заработка од над 10 милијарди долари е превземен од Reporter.mk.