Големо невреме викендов во Македонија

Овој викенд во Македонија се очекува големо невреме, најавуваат метеоролозите. Невремето ќе настане под влијание на првиот есенски циклон Бруно.

В сабота во попладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Нестабилноста ќе биде поизразена на северозапад и запад и тоа на планинските места. Максималните дневни температури на воздухот ќе се движат во интервалот од 27 до 36 степени.

Слични температури ќе има и в недела, но нестабилноста ќе биде поизразена во попладневните часови и на повеќе места низ државата ќе има силен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта од недела кон понеделник, како и во понеделник.

Максималните температури в понеделник во државава ќе бидат во интервал само од 23 до 31 степени.

 

Текстот Големо невреме викендов во Македонија е превземен од Reporter.mk.