Научниците веќе долго време предупредуваат дека подрачјето околу Арктикот се загрева двојно побрзо од остатокот на планетата. Ситуацијата на Арктикот станала алармантна по најтоплиот јуни во историјата на мерењата. Арктикот во последните месец дена буквално гори.
Од Гренланд преку Сибир па до Алјаска, огромни пожари и облаци на дим се надвиваат над северната хемисфера на нашата планета, а штетата е огромна. Се работи за огромни пожари кои се толку големи што можат да се видат од вселената. Подрачјето на Арктикот од почетокот на јуни па се досега го има погодено повеќе од 100 пожари.
Најлошо е на подрачјето на Алјаска и Сибир, каде има најголеми пожари. Некои од пожарите се толку големи што нивната површина изнесува повеќе од 100.000 фудбалски терени и тоа само од еден пожар.
Се проценува дека еден пожар кој настанал во Канада во државата Алберто, бил поголем од 300.000 фудбалски терени. Клер Нулис од Светската метеоролошка организација во Обединетите нации, излегла со застрашувачки податок поврзан за овој пожар и околностите поради кои тој настанал.
Пожарите за месец дена произвеле пвоеќе CO2 во атмосферата во споредба со тоа што го ислушта државата Шведска за година дена. Нулис вели дека просечната температура за месец јуни во делови од Сибир во кои дошло до пожарите, е золемена за 10 степени Целзиусови повеќе од што биле измерени температури во периодот од 1981 до 2000 година.
Освен тоа, објавено е како арктичките пожари само во текот на јуни произвеле 55 мегатони CO2. Само по себе, овој податок за многумина е нејасен, но кога ќе се спореди со фактот дека толку CO2 емисии се произведува во Шведска и тоа на годишно ниво, овој податок е застрашувачки, сметаат експертите.
55 мегатони CO2 се испуштени само во пожарите во месец јуни. Од почетокот на годината, на ова подрачје произведени се 121 мегатони CO2. Тоа е еднакво на годишната количина на CO2 која ја произведува Белгија.
„Гардијан“ јавува дека овие пожари би можеле да ги забрзаат климатските промени. Експертите велат дека овие пожари испуштаат штетни материи кои го загадуваат воздухот, вклучително и честите отровни гасови како што е јаглен моноксидот.
Во Русија, дури 11 од 49 региони се зафатени од пожарите. Томас Смит, географот од Лондонската школа за економија, вели дека вакви пожари не се забележани во изминатите 16 години. Овие подрачја вели дека се следени преку сателити во вселената.
Текстот Гори цел Арктик, огнени стихии голтаат делови од Сибир, Аљаска, Гренланд е превземен од Reporter.mk.