Градовите во кои граѓаните повеќе пешачат и возат велосипед имаат поголем бруто-домашен производ

Градовите во кои граѓаните повеќе пешачат и возат велосипед имаат поголем бруто домашен производ, од оние во кои повеќето граѓани користат автомобили или јавен превоз, покажуваат последните истражувања.

Во студијата која ја спровела компанијата Smart Growth America, на примерок од 30 градови, забележано е дека граовите кои имаат најмногу пешаци се Вашингтон, Њујорк, Бостон, додеа последни на оваа листа биле Тампа, Феникс и Орландо.

Ова истражување покажало дека во последните години во САД, мобилноста на граѓаните значително е променета, особено меѓу младата популација. Младите во оваа земја сè почесто се одлучуваат да пешачат, или возат велосипеди и тротинети.

Ова истражување дало податоци и кои не се поврзани со начинот на движење на жителите, како што се бруто домашниот производ, по глава на жител. Било забележано дека БДП било поголемо во градовите каде бројот на пешаци бил поголем за 38%.

Истото истражување било напраено во 2014 година и оваа година. Во 2019 година освен 30-те градови кои биле целосно анализирани, биле земени во предвид и поединечно места од градовите, каде имало изразито зголемен број на пешаци. Овие места воглавно претставуваат само 1% од површината на градот, но и покрај малиот процент, тие се од исклучително значење за градот, велат од компанијата Smart Growth America.

Новите истражувања покажале дека најмногу пешаци има во Њујорк, Вашингтон, Бостон, а помалку во Чикаго, Сан Франциско и Сиетл. Додека Орландо е на последното место.

Во овие 30 градови живеат вкупно 46% од жителите на САД, односно околу 145 милиони луѓе, а истите остваруваат 54% од националниот бруто домашен производ.

Во секој од градовите утврден е и процент на површина која ја завземаат продавниците, канцелариите и становите. Тие се сместени во таканаречените WalkUp зони. Добиените параметри укажуваат дека жителите во овие зони имаат помали трошоци за превоз, како и поголема понуда за работа, но од друга страна плаќаат поголеми кирии и цената за купување на недвижнина по метар квадрат е драстично посакапа.

 

 

 

Текстот Градовите во кои граѓаните повеќе пешачат и возат велосипед имаат поголем бруто-домашен производ е превземен од Reporter.mk.