Грчката полиција уапси маж (35) под обвинение дека подметнувал пожари во областа Маратон, додека истовремено пожарите бесмееле во Мати. Обвинетиот во моментите на апсење давал отпор и се обидел да побегне. Наводно на полицијата и признал дека сака да подметнува пожари и да ги гледа пожарникарите додека се обидуваат да ги угаснат.
По страшните пожари кои ја погодија Грција, роднините на настраданите одлучиле да ја тужат државата.
Се претпоставува дека пет пожари во Маратон се подметнати со запалка, а два од тие пет се подметнати на 26 јули.
Неодамна еден шеесет и петгодишен маж бил приведен како главен осомничен за подметнувањето на пожарите во источна Атика, недалеку од Атина.
Неговиот идентитет засега не е откриен во јавноста, а наводно е жител од градот во северенниот дел на Атика, Пенделија.
Според зборовите на неговите комшии, тој и во минатото палел ѓубре и суви гранки.
Текстот Грчки пироман призна дека подметнувал пожари во Грција е превземен од Reporter.mk.