Грција со дронови ќе се бори против затајувачите на данок

Грчките даночни власти соопштија дека за прв пат ќе користат дронови за да на островот Санторини ги откријат сопствениците на бродови кои ги водат туристите во разгледување на вулкански кратер, а за тоа не издаваат сметка.

Како што соопштила грчката Управа за јавни приходи, оваа мерка е превземена минатата недела кога во текот на еден ден биле следени девет бродови за туристи. Утврдено е дека во тој момент биле затаени 25.000 евра данок.

Даночната служба навела дека во текот на ова лето се засилени инспекциите во грчките летувалишта.

Повеќе од 27 милиони туристи ја посетиле Грција минатата година, што е речиси за 10 проценти повеќе во однос на 2016 година.

 

Текстот Грција со дронови ќе се бори против затајувачите на данок е превземен од Reporter.mk.