Заведувањето одамна е преселено на социјалните мрежи и апликациите за запознавање на потенцијалните партнери. Тоа што отсекогаш било комплицирано и бара малку љубовна умешност…
Денес кога можете да бирате меѓу 1.500 различни апликации и веб-страници за запознавање, како и меѓу милион корисници, работата е уште покомплицирана.
„Колку повеќе барате партнер, толку е поверојатно дека ќе завршите сами“, изјавила научната советничка на сајтот match.com, д-р Хелен Фишер.
Со неа се сложува и Лили Вомбл, основачот на сајтот „Date Brazen“, која ги издвојува најчестите грешки кои луѓето ги прават при допишувањето со потенцијалните партнери:
1. Користите премногу апликации
Доколку користите повеќе апликации за запознавање, не значи дека имате повеќе можности. Ова многу лесно би можело да се претвори во поголема фрустрација.
2. На состанокот се водите со мислата „морам да се видам со сите“
Пречестите излегувања на состаноци со различни луѓе не гарантираат дека брзо и лесно ќе најдете партнер. Лили тврди дека нејзиното искуство го покажало сосема спротивното.
3. Постојано ја „прелистувате“ апликацијата
Апликациите за запознавање се замислени да создадат чувство на игра, а всушност затоа многу бргу станувате „зависни“ од нив. Сепак, за да си ја пружите приликата за реална врска, морате да го ограничите времето кое ќе го потроѓите на апликациите и испраќањето пораки за запознавање.
4. Разговори кои не водат никаде
Освен што разговорите за времето или за тоа како ви било на работа се неверојатно обесхрабрувачки, тие се и подеднакво досадни, а големи се шансите таквиот разговор да биде и последниот кој сте го воделе со одредената личност.
Доколку сакате да се истакнете во толпата и вистински некого да запознаете, и на тој начин можеби го стекнете идниот партнер, тогаш поставувајте му прашања за кои навистина сакате да го дознаете одговорот.
5. Предолго се допишувате со истата личност, а ништо не се случува
Ако веќе со недели си праќате еден на друг пораки, а ни еден од вас не поставува прашања за одење на кафе или вечера, тоа е јасен знак дека еден од вас (или двајцата) се плаши од одговорност, врзување или отфрлување. Освен тоа, можеби сте нашле личност која бара пријатели, а не партнерка.
6. Верувате дека љубовта можете да ја пронајдете само со помош на апликација
Иако е факт дека сѐ повеќе парови се запознаваат токму на овој начин, тоа не значи морате да ги исклучите сите други, традиционални начини на пронаоѓање на нов партнер.
Текстот Грешки во допишувањето кои може да се покажат како фатални е превземен од Reporter.mk.