Група од 145 кита загинале на плажите во Нов Зеланд

Група од 145 китови починале откако претходно се насукале на плажите на островот Стјуарт во Нов Зеланд. Животните биле пронајдени од случаен минвач на плажата Мејсон, пренесува „Би-Би-Си“.
Властите соопштиле дека половината од китовите кога биле пронајдени веќе биле мртви, додека за другите било предоцна за да се направи било што за да ги спасат.
Големото растојание, недостатокот на персонал и лошата состојба на китовите, биле причина за неможноста да се направи нешто повеќе за овие животни. Најхумано било да бидат еутанизирани, изјавиле локалните власти.

Насукувањето на китовите не е невообичаена работа на овие простори. Во Нов Зеланд, поради насукување на плажите годишно се случува да загинат околу 85 китови.

Во повеќето случаеви се насукува по едно животно, а не цела група. За време на викендот 12 китови се насукале на северот на островот Норд. Четири од нив починале. Постои надеж дека преостанатите осум да бидат спасени, велат надлежните.

 

Текстот Група од 145 кита загинале на плажите во Нов Зеланд е превземен од Reporter.mk.