Хаваи во борбата против загадување на океанот, ќе ги забрани пластичните чаши

Хаваи би можела да стане првата американска држава која ќе забрани употреба на предмети од пластика во рестораните. Новата промена би можела да се случи доколку властите го усвојат законот со цел да се намали отпадот што го загадува океанот.

Десетина американски градови веќе донеле одлука за забрана на пластични кутии за храна или пијалаци, пренесува АП. Активистите веруваат дека првата мерка има поголеми шанси да биде усвоена.

Од друга страна, угостителите и бизнисмените велат дека новиот закон ќе ги принуди да ги зголемат цените, затоа што сè уште не е достапна доволно добра алтернатива за пластиката.

Пакет од 200 пластични кутии за храна чини 23 долари, додека истиот број на биоразградиви кутии чини 57 долари, велат угостителите.

Крист Јанковски од Асоцијацијата на ресторани на Хави, кој има откупено 3500 угостителски објекти, вели дека пратениците се обидуваат да направат некаква промена, но ја прават премногу брзо.

Текстот Хаваи во борбата против загадување на океанот, ќе ги забрани пластичните чаши е превземен од Reporter.mk.