Хокинг не верувал ниту во Господ, ниту во живот по смртта

Познатиот физичар Стивен Хокинг пред смртта сними порака за светот кој е пуштена на претставување на неговата книга „Кратки одговори на големи прашања“. Во неа Хокинг одговорил на 10 најчести прашања кои му биле поставени.

„Нема гопод ни живот после тоа. А сигурно не постои ни рај“, порачал Хокинг, на кого и првиот брак му бил распаднат поради неговиот атеизам.

Хокинг во пораката навел дека образованието и науката се во најголема опасност како никогаш претходно и дека човештвото нема почит кон научниците.

Мал период пред смртта, Хокинг почнал да составува одговори на 10 основни прашања, кои луѓето често му ги поставуваат. Тие можат да се најдат во неговата последна книга „Кратки одговори на големи прашања“.

Дали постои Бог?

Не. Никој не управува со нашата вселена.

Како настанал целиот униеврзум?

Со голем удар и татнеж.

Што е црната дупка?

Поѓањето во црната дупка дефинитивно е лоша вест. Ако тоа била ѕвездена црна дупка, би настанале шпагети пред да дојдеме до хоризонтот.

Постои ли интелегентен живот во вселената?

Постојат облици на интелегентен живот горе. Мораме да бидеме внимателни во одговорите додека сеуште не ги развиеме.

Дали треба да ја колонизираме вселената?

Очекувам дека во идните стотина години ќе можеме да патуваме каде било во Сончевиот систем.

Дали ќе не надмудри вештачката интелегенција?

Вештачката интелегенција ќе биде многу добра во постигнувањето на целите, но ако тие цели не се усогласени со нашите, имаме проблем.

Како да ја обликуваме иднината?

Запомнете да гледате горе во ѕвездите, а не доле во своите стапала.

 

Текстот Хокинг не верувал ниту во Господ, ниту во живот по смртта е превземен од Reporter.mk.