Хороскоп за 20 септември

Овен

Денот би можел да биде многу напорен ако не сте подготвени за отстапки кон некоја Девица, Близнаци, Рак или Водолија. Имате впечаток дека сте доведени во ситуација од која нема излез. Можеби сте лути на некој од вашата околина но имате погрешен став кон многумина. Никој нема ништо против вас.

Бик

Ако сакате да бидете кооперативни докажете го тоа најдобро што знаете. Дружете се со оние кои не ви посакуваат секогаш најдобро или гледаат свој интерес во работата со вас. Прашањето за парите, маркетингот, пласирањето на вашите идеи не се наоѓа кај вашите блиски туку кај оние кои погрубо постапуваат со вас. Се трудите да бидете први во се, но тоа не ви оди лесно.

Близнаци

Ќе бидете напнати, а работните задачи нема целосно до крај да ги извршувате. Избегнувајте кавги и внимавајте од непријателства, бидејќи тие барем во овој момент се многу опасни за вас. Денот е поволен за краткотрајни работи. И покрај поволните елементи вашата ситуација е доста нестабилна.

Рак

Вашата ситуација е делумно добра, бидејќи примате добри аспекти од планетите, па сите работи поврзани со комуникации одлично ќе ви напредуваат. Ќе имате прилика да направите и некои финансиски договори. Ќе се чуствувате среќно работејќи ги работните задачи кои ви претставуваат задоволство.

Лав

Ќе бидете многу активни, но тоа нема нема многу да ви годи. Вашата потреба за акција може да ви донесе и здравствени пречки. Ќе бидете чувствителни и многу од вас ќе бидат склони да работаат нешто што може да има негативни последици. Бидете внимателни во односите со претпоставените и обидете се да ја објасните вашата моментална ситуација.

Девица

На работното место вообичаена атмосфера. Девиците кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни. Вашата потреба да ги потискате проблемите и ситуацијата да ја прикажувате во розова боја може да биде многу штетна врз вашата љубов.

Вага

Пасивните Ваги полесно ќе го преживеат овој неповолен период кој доаѓа. Напнатоста постапно ќе ви се зголемува. Неповолните аспекти на планетите ќе ви донесат тешкотии во некои работи. Ве очекуваат и непријателства кои можат сериозно да ја загрозат вашата позиција. Избегнувајте кавги бидејќи секоја конфротација може негативно да делува врз вас.

Шкорпија

Би било добро да се потрудите со партнерот да пронајдете заеднички јазик за некои важни прашања кои се однесуваат на организацијата на вашиот живот. Ќе имате можност да се сретнете со некоја Вага или Бик и можно е заедничко излегување. Ако сте во долга врска или во брак, големо влијание на вашиот партнер има еден Рак.

Стрелец

Стрелците од од втората декада ќе имаат шанса на деловен план да направат чекор повеќе. Оние кои се занимаваат со приватна дејност ќе дојдат во ситуација да вложат поголема количина на пари во опрема за работа или некои проекти, но тоа нема да го направат со трпение и преиспитување, па најверојатно ќе погрешат.

Јарец

Немојте да се нервирате поради работата, туку правете така како што мислите дека е најдобро. На крајот на овој месец некои работи ќе се поместат, работи кои досега биле закочени, ограничени, оние поради кои сте биле незадоволни. Комуницирајте со колегите, на тој начин и тие ќе ви помогнат.

Водолија

Работните задачи ќе ги извршите без поголеми пречки и навремено, но не очекувајте голем успех. Ве очекува еден просечен ден можеби и малку досаден и монотон. Доколку денот ви е планиран за љубов состојбата е значително поинаква.

Риби

Одличен ден и работите се подобро ви напредуваат. Комуникациите ќе ви бидат се поуспешни и ќе бидете опкружени со многу луѓе. Добро ви се аспектирани и односите со претпоставените, па затоа денот е поволен за реализирање на некои поважни разговори за кои сте чекале погоден момент.

Текстот Хороскоп за 20 септември е превземен од Reporter.mk.