Овен
Денеска ќе бидете повнимателни од обично, и за секоја ваша постапка ќе размислувате двојно повеќе. Можни се повремени појаки главоболки како последица на временските промени. Комуникациите ви се добро поставени како за љубовни така и за деловни контакти.
Бик
Некоја задоцнета исплата може целосно да ги загрози вашите планови. Пред вас се пријатни и возбудливи изненадувања. Затоа препуштете се на животните убавини и уживајте во нив. Здравјето е одлично.
Близнаци
На професионално поле ќе се најдете во една конфликтна ситуација од која ќе понесете многу нервози. Оние близнаци кои се во брак целосно ќе се посветат на партнерот и ќе му овозможат незаборавни мигови.
Рак
Вашиот партнер има силна потреба да му докажувате колку многу го сакате, а вие нема да бидете расположени за такво нешто. Оние ракови кои се слободни, ќе имаат додворувачи, но овој пат нема да бидат расположени за флерт.
Лав
На оние на кои им значите барем нешто ќе се потрудите да им покажете и да ги убедите колку вие можете да бидете забавни, шармантни и полни со љубов. Впрочем на ваков начин ќе им се оддолжите на оние кои имаа огромно трпение со вас во минатото.
Девица
Ќе се најдете во конфликт со личност која ви е многу блиска, можеби е член на вашето пошироко семејство. Несогласувањето ќе се реши многу брзо. Посветете внимание кон некоја помлада личност и покажете разбирање за нејзините постапки
Вага
Силна двострана привлечност ќе избие на површина. На љубовно поле ќе бидете среќни како што одамна не сте биле. Тука ќе се надополнувате со позитивна енергија која мора да признаете дека ќе ви недостасува. На вашата слобода скоро ќе ѝ дојде крајот.
Скорпија
Распоредот на обврските ќе ви овозможи подолго време да бидете во домот. Оние домашните обврски одлично ќе ги извршувате дури и оние кои одамна сте ги планирале но за истите не сте имале време. На работното место не е препорачливо да се изложувате на ризици затоа завртете се кон оние кој имаат сигурна и стабилна завршница.
Стрелец
На финансиско поле ве очекува прилив на пари, кој ќе ви овозможи шанса за повеќе трошење. Само еден момент на вистината ќе ви овозможи неочекувано да дојдете до сознание дека сепак не сте толку посакувани колку што сте претпоставувале вие.
Јарец
Можеби сте заборавиле на партнерот, можеби овој период е создаден да му посветите поголемо внимание и да ја зацврстите вашата врска. Оние јарци кои се слободни, планираат подолго патување на кое ги очекува вистинско љубовно изненадување.
Водолија
Чувајте се од настаните кои се во вашата блиска околина и сторете нешто да не ве затекнат и вас. Значи, крајно време е кога морате вистински да се изборите за своето работно место. Наместо да барате литература и да читате сѐ и сешто па да истражувате по вашето тело и симптомите кои ве мачат, појдете на лекар и ослободете се од притисоци.
Риби
Изгорени од некое искуство претходно, веќе не трошите многу време на љубовта. Ја сакате, но не размислувате премногу. Сепак, не треба исто да гледате кон секоја личност што ќе ви пријде, можеби меѓу нив има и такви со искрени намери. Вашата интуиција тоа ќе ви го открие. За почеток прифатете барем флерт, а потоа времето ќе покаже.
Текстот Хороскоп за 24 јули е превземен од Reporter.mk.