Овен
Трошоците за живот ќе ви бидат денес преокупација. Во моментот салдото на вашата сметка ви е во минус. На љубовен план, ќе бидете мнгогу груб кон вашата сакана личност и нема секогаш да постапувате фер во комуникација со него или неа.
Бик
Денес очекувајте мали трошоци. Но, генерално гледано, вашата состојба со банковното салдо ви е стабилна и можете да се носите со секојдневните работи. На љубовен план потребна ви е храброст за да го направите првиот чекор за да и пријдете на личноста која ви се допаѓа и почнете да комуницирате со неа. Попатно очекувајте пречки.
Близнаци
Денес може да очеквате дека ќе завршите со некоја работа ѝ да очекувате вложениот труд ви се исплати. Немојте да бидете премногу крут и ладен кој личноста која ви е драга, затоа што може да зажалите.
Рак
Очекувајте големи проблеми во рамки на бизнисот кој го водите. Не смеете да си дозволите да паничите. На крајот ќе успеете да се носите со секој проблем. На љубовен план, правите се за да се оддалечите од личноста која ви е драга и сте во потрага по нова љубовна авантура.
Лав
Ова е ден кога можете да се опуштите. Ден во кој не ве очекуваат премногу обврски. Имате се. Партнерот со кој сакате да го минете остатокот од животот и сите оние ситни работи кои ве прават среќен во тековниот ден. За оние кои не се во врска ова е денот во кој се очекува да им се посреќи.
Девица
Девиците денес ќе се посветат на работата. Морате да внимавате на ситници. Немојте да правите ниту најмали грешки во работата. На љубовен план нема да бидете доволно подготвени за долга врска и покрај силните емоции кои ги имате кон одредена личност.
Вага
Денес е денот кога е за очекување да направите мала пауза од работните обврски. Одморајте се од работата, а можно е да наидете на личност со која неодамна сте стапиле во контакт. Ќе имате проблеми околу начинот на кој ќе сакате да ѝ пристапите на оваа личноста која неодамна сте ја запознале.
Шкорпија
За шкорпиите добро е да направат пауза, за да можат појасно да ги видат некои од работите кои им се прикажани. Не смеете да носите брзи и неосновани решенија. На љубовно поле, очекувајте големи расправии со партнерите.
Стрелец
Денес е ден кога колегите ќе ви се понудат за било каква помош. Не смеете да бидете загрижени. Очекувајте сите обврски да бидат решени во соодветно време. Ако имате симпатии кон одредена личност на работа, не се надевајте премногу на нешто позитивно.
Јарец
Денес ќе бидете прилично загрижени за тоа како стојат работите на финансиски план. Ќе се грижите околу тоа како да се снабдите со дополнителни финансиски средства и приходи, за да ја стабилизирате вашата финансиска состојба. На љубовен план очекувајте средба со личност која ви е многу драга.
Водолија
Денес ќе имате голем недостиг на концентрација. Во текот на целиот ден ќе правите многу грешки, како на деловен така и на приватен план. На љубовно поле ќе бидете многу емотивни и многу ќе ви значи како тоа ќе го прими личноста која е со вас и која ви е многу драга.
Риби
Рибите немаат денес верба во своето бизнис опкружување. Малце ќе им веруваат на своите соработници и партнери и нема да им дозволите премногу на другите да ви се мешаат во вашите работи. На љубовен план ќе се чувствувате феноменално, кога во близина ќе биде личноста која ви е многу драга.
Текстот Хороскоп за 4 декември 2019 година е превземен од Reporter.mk.