Овен
Денес ќе бидете многу сериозни и ќе имате чувство дека над вас се надвиле облаци. Колку и да се тие мрачни и црни, не значи дека од нив ќе падне дожд. Животот се состои и од ведри и од дождливи денови. Едни без други не би имале многу смисла. Ѕвездите ви советуваат да не дозволите вашиот ентузијазам и оптимизам да се изгубат.
Бик
Денес е прекрасен за вас. Имате шанси за нов почеток на сите животни полиња. Без оглед на тоа дали сте во сериозна врска или не, постои можност помеѓу вас и некој долгогодишен пријател да се родат емоции. Водете сметка да не повредите некого, но и вие да не бидете повредени. Понекогаш е многу важно да се исклучат емоциите и да си оди по разумот.
Близнаци
Работите денес ќе бегаат од контролата и ништо нема да ви оди од рака. Ако верувате во карма веројатно ќе знаете и зошто. Во последно време сте бездушни кон околината. Размислете малку. Многу е важно да бидете добри за подоцна да ви се врати со истата мерка. Не заборавајте го тоа.
Рак
Денес е прекрасен ден за вас. Енергијата ќе биде таква така што сите проблеми што ги имате ќе бидат помалку страшни отколку претходните денови. Проблемот што во последно време бил нерешлив ненадејно ќе добие изненадувачки позитивни околности.
Лав
Свртете нов лист кога вашите најблиски се во прашање. Ако вашиот однос со партнерот се заладил, внесете нешто ново во вашата врска. Бидете потактични. Ако станува збор за работата, заземете поцврст став во однос на претпоставените. Што се однесува до семејните односи, би можеле да бидете попосветени. Некому многу му недостасувате.
Девица
Денес ќе бидете добро поврзани со луѓето околу себе. Излезете надвор со нив и добро забавете се со оние кои ги сакате. Ќе се чувствувате конечно сакани и прифатени. Покрај тоа ќе бидете полни со емоции и љубов кон околината. Искористете го овој прекрасен ден.
Вага
Денешниот ден носи со себе некои тешки моменти и сеќавања. Веројатно ќе се чувствувате одговорно и помалку оптоварено поради некои тешки ситуации од минатото. Немојте толку да се преоптоварувате, особено ако станува збор за нешто што повеќе не е актуелно. Она што поминало оставете го зад себе и насмејте му се на новиот ден.
Скорпија
Умот ви е на сите страни, па внимателно да не заборавите клучни детали и обврски. Запишувајте го неопходното. На работното место не бидете срамежливи и гласно кажете ги вашите достигнувања. Така ќе ви се отворат нови шанси. Во љубовта намалете со критиките.
Стрелец
Денес имате потреба за авантура, па побегнете ѝ на рутината. На работното место вклучете се во нови проекти и соработки со колегите, тоа ќе ви ја поттикне креативноста. Внимателно анализирајте ја љубовната ситуација од поинаков агол. Може да забележите работи кои инаку ги игнорирате, а се клучни.
Јарец
Денес ќе бидете понервозни од вообичаено, па внимавајте да не се истурите на блиски луѓе без посебна причина. На работното место бидете директни, јасни и гласни за да избегнете сплетки. Среќата ви е на поле љубов и треба да ја искористите за да се соочите со стравовите од минатото.
Водолија
Денес исклучете ја логиката, емоциите ве водат во правилна насока. На работното место важно е да не го менувате мислењето и расположението пречесто, ако сакате да ве сфатат сериозно. Љубовните сериозни дискусии одложете ги за друг ден. Ова е добар ден за авантури и необични активности во пар.
Риби
Денес е поволен ден за усвојување нови, поздрави навики. Доколку ве совлада чувство на замор, потпрете се на пријателите. На работното место искористете ги комуникациските вештини што ги имате за да го добиете тоа што одамна го посакувате. Во љубовта минувате низ романтична криза, па не очекувајте и планирајте премногу.
Текстот Хороскоп за 7 август 2018 е превземен од Reporter.mk.