Хороскоп за 7 септември

Овен

Имате вистински проблеми кога луѓето кои одлучуваат не успеваат да ве разберат. Единствен начин да се извлечете од таквата ситуација денес е трпението и концентрацијата, бидејќи во спротивно ќе ви остане горчлив вкус во устата. Длбоко вдишете и почнете повторно, ќе се исплати.

Бик

Се чувствувате полни со енергија, па најдобро е корисно да ја употребите и да направите што повеќе можете. Ионака вложувате многу креативна енергија во својата работа, па така помошта која ви ја даваат планетите ви е повеќе од потребна.

Близнаци

Колегите избегнуваат отворено да се соочат со вас и да ви кажат во што е проблемот. Проверете, можеби, се сомневаат дека вашата плата е поголема од нивната. Тие сметаат дека не го заслужувате тоа што го добивате и дека претпоставените прават дискриминација. Време е да се соочите со колегите и отворено да им кажете што мислите. Вашиот дипломатски однос кон нив не вродува со плод.

Рак

На работното место ситуацијата е хаотична. Се случуваат некои работи кои вие не можете да ги сфатите, а колегите очекуваат ваше мислење. Бидете претпазливи кога ги изнесувате новите идеи. Може да се случи да избрзате и да кажете нешто што не треба. Вашето семејство сака да ви помогне, но во овој момент нивните совети не ви се од полза. Тие се преголеми идеалисти и розово гледаат на работите.

Лав

Месечината ќе ви донесе многу нови можности. Доколку не успеавте да ги регулирате односите со деловните партнери, немојте многу да се експонирате. Неверојатно сте вљубени, но и непотребно посесивни и љубоморни.

Девица

Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир.

Вага

Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте беспотребно. Ако можете да спречите погрешен потег направете го тоа. За се друго гледајте само напред.

Шкорпија

Кога станува збор за финансиите, доста сте несигурни и мислите дека не сте доволно платени. Слободно почнете врска со некој кој е во знакот на Овен или Вага, но обновувањето на врската со некој Рак може да биде навистина стресно.

Стрелец

Денес ќе добиете идеја околу одење во странство или работа со странци. Еден помлад пријател, кој се наоѓа надвор од земјава, ќе ви вети помош. Но треба да внимавате, затоа што такви одлуки не се донесуваат прекуноќ. Впрочем, брзите одлуки и инстинктивното реагирање не се дел од вашиот карактер, затоа седнете и добро размислете.

Јарец

Денес е еден од оние денови кога имате чувство дека само вие работите, а другите околу вас се извлекуваат. Можеби, не сте далеку од вистината, но вашиот труд нема да остане незабележан. Постои можност денес вашите претпоставени јавно да ве пофалат и да ви ветат награда. Вашиот партнер ќе биде многу горд на вашите успеси.

Водолија

Ова за вас е ден во кој ќе уживате, ќе се опуштите и нема да размислувате на проблемите. Во вечерните часови закажете ја средбата која долго време ја планирате. Ќе поминете одлично доколку сите ваши размислувања ги поврзете со оптимизмот.

Риби

Меркур и Венера ви испраќаат позитивна енергија. Имате можност да се докажете пред партнерот, но и пред членовите на семејството. Многу ве иритираат коментарите од околината за вашиот љубовен живот. Внимавајте на здравјето и проверете го видот.

Текстот Хороскоп за 7 септември е превземен од Reporter.mk.