ОВЕН
Работа: Можни се несогласувања во работното опкружување, особено со надредените може да имате проблеми сега.
Љубов: Саканата личност се труди околу вас, но како тоа да не е доволно да обрнете внимание.
Здравје: Внимавајте на бубрезите.
БИК
Работа: Можеби ќе работите прекувремено или цел ден ќе бидете во преголем број на обврски.
Љубов: Делува како да сте влегле во некоја мононија со саканата личност, и се ви е здодевно.
Здравје: Проверка на крвната слика.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Иако на прв поглед ви се чини дека работите се на ваша страна, ќе се покаете кога ќе сфатите дека погрешно сте ги гледале работите.
Љубов: Пред вас е нова, возбудлива авантура во која ќе уживате.
Здравје: Проверете го крвниот притисок.
РАК
Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, можно е работите да не одат онака како што очекувате.
Љубов: Повремено се сомневате во вашите емоции и често се прашувате дали сте донеле вистинска одлука околу партнерот.
Здравје: Мали проблеми со стомакот.
ЛАВ
Работа: Очекувајте работно патување, но исходот од тоа по вас нема да биде сјаен. Внимавајте на своите важни работи и документи.
Љубов: Ново познанство во вас буди желба за љубовни промени.
Здравје: Водете сметка за синусите.
ДЕВИЦА
Работа: Доаѓате до помала заработувачка и не сте задоволни затоа што сте очекувале повеќе пари. Морате да најдете дополнителен извор на приходи.
Љубов: Имате чувство дека вашата врска не е стабилна и дека лесно може да дојде до прекин.
Здравје: Проблеми со штитната жлезда.
ВАГА
Работа: Имате пад на концентрацијата денеска, лесно ќе правите грешки, кои подоцна немате можност да ги исправите.
Љубов: Многу се карате со саканата личност, и денешниот ден едноставно не ви е добар.
Здравје: Вртоглавица.
ШКОРПИЈА
Работа: Имате некои идеи, но засега немате доволно пари за да ги реализирате до крај. Потребно ви е некој да уложува во вашите идеи.
Љубов: Ви се допаѓа една многу страствена личност и наскоро ќе имате прилика да се зближите со неа.
Здравје: Слаба циркулација.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Не сте сигурни во своите одлуки, и сега се премислувате. Правите многу грешки во проценките на работното поле.
Љубов: Ве очекува сосема опуштена комуникација со личност која ви се допаѓа.
Здравје: Добро.
ЈАРЕЦ
Работа: Ве очекува работно напредување. Ќе бидете задоволни од новите околности и промените на работното поле.
Љубов: Иако ви делувало дека партнерот се оддалечува од вас, денеска ќе ви покаже дека многу му значите.
Здравје: Забите ви се чувствителни.
ВОДОЛИЈА
Работа: Се смениле околностите во вашето работно опкружување и сега се чувствувате несигурно. Можно е да ве очекуваат нови изненадувања.
Љубов: Ќе ви годи чувството на слобода и чувството дека не сте подготвени за врска.
Здравје: Добро.
РИБИ
Работа: Можни се мали промени во комуникацијата со колегите кои имаат нешто против вас. Опкружувањето не ви е наклонето.
Љубов: Можно е да имате конфликти со саканата личност.
Здравје: Болки во коските.
Текстот Хороскоп за 8 декември 2018 е превземен од Reporter.mk.