Хороскоп за 9 декември 2018 година

Овен

Ве очекува мирен период, без преголеми грижи. Не ја трошете енергијата на дискусии без цел. Концентрацијата ќе ви се зајакне доколку сте физички активни. Приватно, ќе добивате повеќе шанси и покани за дружба од вообичаено. Прифатете ги, така ќе си ја зајакнете самодовербата. Во љубовта без избрзани реакции.

 

Бик

Плановите со пријателите може да бидат одложени денес, па секогаш имајте резервен план за да се забавувате. Научете да одите каде што дува ветрот, без да сметате на однапред подготвена стратегија. Имате многу поголема контрола врз случувањата околу вас одошто вие си мислите. Направете нешто.

Близнаци

Поставеноста на планетите ветува високо ниво на задоволства, поттикнување кон авантурата и развој на плановите на хармоничен и решителен начин. Затоа, надминете ги предрасудите, храбро зафатете се во костец со искушенијата и придвижете ги работите кон нагорната линија.

 

Рак

На професионално поле, се наоѓате во мошне напнати околности и не ви е лесно да најдете вистински одговор за сите прашања. На емотивно поле, ве очекува средба со една многу интересна личност која ја познавате од порано. Ќе добиете неочекувани комплименти. Внимавајте на здравјето,внесувајте витамини.

Лав

Денес имате доволно самодоверба и тоа ќе ви помогне да донесете добри одлуки поврзани со семејството, пријателите и финансиите. Верувајте ѝ на интуицијата. Фокусирајте се на квалитетот на љубовта, ако сакате да избегнете кавги и расправии. Не поставувајте прашања кои непотербно го нарушуваат мирот.

Девица

Имате различни ставови за ист проблем со саканиот? Не е крај на светот, потребно е само да умеете да правите компромиси за да се најдете во златната средина. Тоа е суштината на добрите врски. Соло сте? Одлично ќе ги контролирате вашите чувства, па ќе умеете да глумите рамнодушност дури и кога внатрешно се топите од љубов. Тоа ќе ви даде предност во љубовната игра.

 

Вага

Може да ви се случи недоразбирање со саканата личност и затоа внимавајте на секој изговорен збор. Подобро е нешто да премолчите отколку да бидете брутално искрени. Вие моментално размислувате нерационално. Живеете во некој свој свет и не можете да ги сфатите другите. Истото се однесува и на вашата кариера.

Скорпија

На професионално поле очекувајте важни финаниски добивки кои позитивно ќе влијаат на вашите идни работни обврски. Пред вас е поволен ден за ново љубовно познанство доколку сте слободни. Водете сметка околу исхраната. Во последно време не се чувствувате најдобро, а имате проблеми и со вишокот килограми.

Стрелец

Денес ќе покажете зрелост во решавањето на семејните и пријателски проблеми, па тоа ќе ви донесе само пофалби и поголема самодоверба. Паузирајте од работа и дајте си шанса за активирање на телото. Во љубовта може да барате премногу, без да понудите ништо за возврат. Разговарајте со објективен пријател.

Јарец

Поминете го денот со вашите најмили, дури и ако сте нерасположени за разговори. Оние кои ве познаваат никогаш нема да ве натераат да зборувате додека не се чувствувате самите подготвени за тоа. Понекогаш не мора да кажете воопшто ништо, вашето присуство е доволно. Не трошете енергија на личности кои не го ценат тоа. Научете да велите „не“.

Водолија

Бидете конкретни ако барате да ве подржат во некој деловен план. Онолку колку што ќе бидете убедливи толку и ќе добиете поддршка. Можно е и да заминете на некој службен пат. Нема таква сила која ќе ве убеди во спротиното од она што вие сте го замислите.

Риби

На професионално поле вашите идеи ќе бидат лесно и добро прифатливи и ќе успеете да остварите подобрување на работен план. На емотивно поле, преку кругот на пријателите ќе остварите ново познанство. Таа личност веќе подолго време се распрашува за вас. Покажете и вие заинтересираност. Ќе уживате во заедничкото друштво.

Текстот Хороскоп за 9 декември 2018 година е превземен од Reporter.mk.