Работа и финансии
Декември е месецот на кој треба да му се посветите на обврските и долгоите. Ќе имате мали финансиски и административни проблеми, па не влегувајте во нови дополнителни долгови и обврски. Воздржете се од финаниски ризици барем до втората половина од месецот. Некои потези можат да донесат подобри финансиски резулати.
Декември е месец во кој ве очекува напредок во кариерата. На полето на парите, годинава ќе ја завршите со позитивно салдо. Успех ве очекува во областа на забавата. Невработените Лавови ќе добијат можност да претстават еден свој проект кој ќе биде прифатен и кој би можел да ви донесе поддршка, донации и можност за вработување во голема фирма.
Љубов
На љубовен план, оние кои се во врска или брак ќе имаат мал проблем со својот партнер околу комункикацијата. Несогласувањата ќе се појават во поглед на барањата на саканиот или саканата која ќе има потреба од малку повеќе слобода, независност и време за себе. Од вас останува да бидете отворени ѝ да го разберете партнерот и причината, која не мора да биде поврзана со вас. Во вториот дел од месецот работите за вас ќе се стабилизираат и ќе ве чекаат многу убави и ведри моменти со партнерот. Слободните припадници на знакот како да не сакаат обврски. Решени сте конечно да го одберете најдоброто и сè што е под тоа ниво не ве интересира. Повозрасните Лавови нема многу да се експонираат и трпеливо ќе чекаат да се појави личност која вистински ќе им го привлече вниманието. Кога конечно ќе се појави, кон крајот на декември од вас ќе се бара да ги покажете своите квалитети.
Здравје
Лицата под знакот рак во декември ќе немаат проблеми со здравјето. Тие ќе бидат доволно физички активни и ќе им биде зголемена отпоноста на стресни ситуации. Ќе наоѓате доволно време за одмор и рекреација. Бидете умерени во јадењето и пиењето, чувствителен ви е желудникот и воопшто органите за варење. Немојте да претерувате и избегнувајте простории кои имаат премногу влага.
Текстот Хороскоп за лав за 2019: Проблеми во љубовта, но и егзотични патувања е превземен од Reporter.mk.