Пријателството во астрологијата е под контрола на Меркур – планетата на комуникацијата. Оваа планета им помага на луѓето да пронајдат заеднички јазик и да почувствуваат хармонија меѓу себе. Астролозите ни откриваат кои хороскопски знаци можат лесно да станат пријатели.
Овен + Скорпија
Огнениот овен е под закрила на Марс – планетата на одлучноста, која изобилува со огромен животен потенцијал. Покрај длабоките скорпии, кај кои покрај Плутон, владее и Марс, овните ја намалуваат брзината и се вклопуваат во филозофскиот бран. Ова пријателство им помага на двата знака да гледаат на сѐ од различни агли и да забават кога е потребно. Покрај тоа, скорпиите секогаш можат да пронајдат вистинска поддршка во овенот, која се заснова на идентичните погледни на животот и вредноста.
Бик + Вага
Бик е насочен кон материјалната страна на животот, навистина сака шик стил и е главниот хедонист во хороскопот. Поради тоа, најудобно се чувствува покрај вагата – знакот кого Венера го насочува. Планетата на убавината, парите и задоволството му овозможува на овој тандем да најдат мотивација за подвизи во кариерата и можности убаво да живеат.
Близнаци + Водолија
Овие два знака имаат секогаш за што да разговараат – ги одликуваат оригиналните мисли, смислата за хумор и љубовта спрема животот во сите негови манифестации. Близнаците како главни индивидуалци во хороскопот ја снабдуваат водолијата со храна за размислување, а тие за возврат им помагаат на близнаците да размислуваат пошироко и желбата за знаење да ја претвораат во работа. Дополнително, водолијата може да стане сјаен учител, а всушност тој потенцијал го откриваат токму близнаците.
Рак + Риба
Интиутивните ракови и поетичните риби не само што можат да создадат пријателство, туку и создаваат величенствен креативен тандем. Двата знака се фокусирани на естетската страна на животот и често имаат слични вкусови. Ракот им помага на рибите да стекнат самодоверба, а рибите за возврат им помагаат да воспостават внатрешна врска со себеси. Покрај тоа, во овој сојуз и двајцата преставници можат психолошки да помогнат, затоа што се најдобри кога станува збор за емпатија.
Лав + Стрелец
Другиот владетел на лавот, планетата Јупитер, исто така владее и со стрелецот, знакот кој е одговрен за ширење знаење и патувања. Овој огнен пар сака да ги превори идеите во акција, па често, покрај пријателството, стануваат и деловни партнери. Што се однесува до енергијата, лавовите им помагаат на стрелците да се движат кон целта.
Девица + Јарец
Пријателството на девицата и јарецот е спој на двајца луѓе кои се буквално опседнати со работата и постигнување успех во кариерата. И двата знака имаат за цел да постигнат висок друштвен статус, па нивното пријателство се одликува со меѓусебно разбирање. Девицата потполно му верува на одговорниот јарец, а тој ја гледа неа како најдобар советник кој секогаш може да биде објективен.
Текстот Хороскопски знаци кои лесно стануваат пријатели е превземен од Reporter.mk.