И покрај тоа што експертите за кариера советуваат дека секој треба да го одвои приватниот живот од работата, сепак некои луѓе намерно ги мешаат емоциите, сакајаќи да ја сузбијат монотнијата на работа. Таквите лица најчесто ги возбудваат моментите да бидат фатени на дело.
Овен
Овните се страсни, но понекогаш премногу се грижат за последиците на нивните постапки. Кога вистински ќе посакаат да бидат со некого, не се двоумат многу.
Тогаш ја преминуваат границата меѓу работата и приватниот живот. Налетот на страсти и емоции најмногу се одразува на нивната продуктивност. Ако им одговара личноста нема многу да размислуваат за штетата која настанува поради афера на работа.
Бик
За нив е карактеристично што се многу дисциплинирани, но кога тоа го немаат со нив е невозможно да се соработува. Не сакаат да се лишат од задоволство и не се грижат за последиците ако некој им се допаѓа. Вешти се во флертување и не знаат да се воздржат.
Мешањето на работата и задоволството за нив е нормална работа. Можноста да ја минат вечерта со соработник или деловен партнер е сосем прифатлива за нив. Проблемот настанува која ќе ја минат границата на прифатливото однесување и стануваат непрофесионални.
Близнаци
Дружељубивите Близнаци сакаат да го делат работниот простор со интересни луѓе. Емоциите создаваат погрешна слика за опкружувањето па се случува да се премине границата на деловниот однос. Најчесто тоа се случува ненамерно бидејќи Близнаците сакаат да воспостават подлабока врска со колешките. Кога ќе пронајдат личност која ги разбира се воспоставува силна поврзаност на интелектуално и емоционално ниво, па нема пречка да преминат на поинтимен однос.
Вага
Овој хороскопски знак брзо се врзува за луѓето, а тоа важи и за работното место и колегите. Работата оди ако меѓу соработниците постои строго професионален однос, но вагите поради срдечниот пристап лесно стануваат цел на осуди и недоверба.
Мешањето на работата и задоволството на почеток изгледа како возбудлива опција, но може да донесе штета од која Вагата тешко ќе закрепне. Многу често се случуваат недоразбирања подари погрешното толкување на сосема невини постапки како љубезност и почит.
Водолија
Немаат ништо против љубовен занес на работа бидејќи добро се носат со предизвици. Иако се скржави во искажувањето емоции, знаат кога да запрат.
Имаат голема самодоверба, а понекогаш се смешни поради тоа. Ако решат да освојат некого, нема пречка на патот за тоа. Постојано го менуваат мислењето па постапката од минатата недела денеска им делува како грешка, пишува Your Tango.
Текстот Хороскопски знаци кои лесно влегуваат во врска со колеги е превземен од Reporter.mk.