Овен
Овните признаваат дека честопати јазикот им е побрз од паметот. Тие се брзи на јазик и директни, па затоа постои голема веројатност дека тајната која ќе ја споделите со нив ќе биде откриена. Секако, тоа нема да го направат намерно, туку едноставно не знаат да се контролираат кога ситуацијата го бара тоа од нив. Овните ќе направат сѐ што е во нивна моќ за да ја заржат тајната и ќе се борат против импулсивниот нагон да ја откријат, а кога ќе го направат тоа ќе им биде искрено жал.
Близнаци
Близнаците се неверојатни брбливци, па затоа и самите понекогаш советуваат да не им ги откривате тајните кои ви се важни. Понекогаш ги откриваат намерно, а понекогаш случајно затоа што едноставно забораваат што смеат или што не смеат да кажат.
Рак
Раковите се познати како лојален знак, но вашата тајна ќе ја задржат само ако ве сметаат за дел од нивниот потесен круг. Нивната лојалност е секогаш на страната на најблиските луѓе кои ги сакаат. Една од причините зошто имаат потреба да зборуваат со другите за вашите тајни е затоа што не знаат како да ви помогнат и сакаат совет од неутрална личност.
Вага
Вагите се дружељубиви, сакаат да бидат опкружени со луѓе и да се наоѓаат во центарот на случувањата. Токму затоа се зборлести и често им се случува да откријат некоја тајна. Меѓутоа, Вагите немаат лоши намери, туку едноставно сакаат да разменуваат искуства со другите луѓе.
Стрелец
Стрелците може да бидат личности од доверба, но морате да им нагласите дека разговарате за нешто доверливо. Во спротивно тие нема да сфатат дека се во прашање информации кои не смеат да се шират понатаму.
Текстот Хороскопски знаци кои најмногу озборуваат е превземен од Reporter.mk.