За некои луѓе хороскопот е забава, а за други основа по која се водат во животот. Но, има и такви што воопшто не веруваат во него.
Бик
Астрологијата не го привлекува нивното внимание и скептичните бикови воопшто не ја прифаќаат. Познати се по тоа што се темелни, практични и реални, а хороскопот им е сложен и мистериозен, и никогаш не може да ги убеди дека тоа што го претскажуваат ѕвездите е реалност.
Близнаци
Кога им одговара тие ја прифаќаат астрологијата. Ако нешто од напишаното не им одговара, веднаш се противат и велат дека хороскопот е голема глупост. Колку и да се логични како личности, нивната двојна природа прави да се менуваат согласно ситуацијата.
Девица
На прагматичните девици не се обидувајте да им „продавате“ бесмислици, бидејќи тие веруваат само во факти, анализи и детали. За некои делови од астрологијата велат дека немаат смисла за нив, па затоа и ја отфрлаат во целост.
Јарец
Јарците се познати по тоа што се традиционални и практични, па за нив хороскопот е само губење време. Често наоѓаат „дупки“ во астролошката логика. Ако нешто и им се погоди, тогаш ќе речат дека можеби има нешто точно во хороскопот.
Текстот Хороскопски знаци не веруваат во хороскоп е превземен од Reporter.mk.