За некои хороскопски знаци, почетокот на 2020 година ќе биде малку тежок поради движењето на планетите Сатурн, Плутон и Уран. Секогаш кога овие три планети ќе поминат низ вашиот знак, вие ќе доживеете чувство на беспомошност или губење на контролата над работите што се случуваат во вашиот живот.
1. Овен
Во почетокот на новата година ве очекуваат збунувачки вибрации, а тоа ќе предизвика чувство на вознемиреност поради тоа што вие секогаш се чувствувате сигурно во себе.
Ве очекува тежок период, па можеби ќе треба да направите мала пауза. Одвојте време за да согледате што ви е навистина важно, а што не. Ако го направите тоа, 2020 година ќе биде период на вистинско созревање.
2. Бик
Биковите сакаат да уживаат во удобност и во стабилност, но Уран носи хаотични промени. Вие сте личности кои живеат живот кој секогаш се одвива по добро позната рутина, но сега ќе започне да станува непредвидлив, а тоа би можело да влијае на сè околу вас, од работата до врските.
Сепак, астрологијата за вас има добри вести затоа што лошиот почеток на 2020 година ќе заврши со неколку добро научени лекции. Целта на овој транзит е да се ослободите од тврдоглавоста. Ако успеете да го направите тоа, ќе откриете дека можете да создадате удобност и стабилност и внатре во себе, а не само надворешно.
3. Вага
Личностите родени во овој хороскопски знак сакаат работите да бидат балансирани, па лошиот почеток на 2020 година ќе направи да се чувствуваат дезориентирано и како да не знаат што да направат следно во животот. Но, колку и да е збунувачко, тоа нема да трае долго, а можеби дури и ќе научите нешто ново за себе во тој процес.
Имајте на ум дека рамнотежата може да постои во еден момент, а во следниот да ја снема. Но, вашата стабилност ќе дојде подоцна во следната годината, откако ќе ги научите лекциите што за вас ги подготвиле Сатурн и Плутон.
4. Јарец
Личностите родени во овој хороскопски знак ќе се чувствуваат како нивниот живот да не е на добар пат. Бидејќи овие личности ја вреднуваат напорната работа и амбициозноста, во почетокот на новата година ќе се чувствуваат изгубени додека да сфатат кој е нивниот следен потег.
И покрај тоа што ве очекуваат тешки моменти, научете да слушате и интегрирајте го она што ви се нуди, дури и ако тоа не е она што го сакате.
Текстот Хороскопски знаци што ќе имаат лош почеток во 2020 година е превземен од Reporter.mk.