Хороскопски знаци што секогаш избираат погрешен партнер

Без разлика дали се работи за мажи или жени, луѓето родени во овие хороскопски знаци најчесто избираат погрешен партнер. Тие, велат астролозите, никогаш не учат на своите грешки. Често се заљубуваат, но многу им е тешко да ги забележат карактеристиките кои треба да им укажатт дека се работи за погрешна личност.

Овен

Тие се самоуверени и мислат дека можат да победат секого и да постигнат сè што намислиле. Не се плашат од површност и кукавичко однесување, а мислат дека сите слабости на својот партнер можат да ги претворат во доблести. Поради тоа не можат да ги контролираат емоциите и се борат, дури и кога се свесни дека следува разочарување.

Бик

Тие со нозете стојат цврсто на земја, но со главата се во облаци. Верни им се на оние што ги сакаат, не сакаат да се сами по никоја цена, па дури и ако тоа значи да се во врска и со најпогрешниот партнер. Сакаат некого да спасуваат и мислат дека со тоа ќе ја придобијат нивната љубов засекогаш.

Рак

Ракот е најчувствителниот хороскопски знак и најлесно остварува конекции со луѓето. Раковите често остануваат во токсични врски верувајќи дека еден ден сè ќе се среди и дека љубовта може да победи сè. Затоа и не ни забележуваат кога љубовта е еднострана.

Скорпија

Кога некој им се допаѓа, скорпиите не знаат за пречки. Тие се спремни да одат и најдалеку, сè додека саканата личност е со нив. Нивната упорност тие ја сметаат за своја предност, но не знаат дека токму таа некогаш ги прави слепи дека се вљубени во погрешна личност.

Стрелец

Стрелецот обожава да го гледа светот низ розови очила. Кога се вљубени, ништо не ги запира, дури и ако саканата личност е на другиот крај на светот. Често се будат сосема разочарани од овој сон, но тоа не значи дека нема да тргнат во сосема нов љубовен поход.

Риби

Ова се мирни, креативни и љубезни личности кои сакаат да живеат што подалеку од реалноста. Затоа им е тешко да најдат партнер кој живее на иста фреквенција како нивната. Се залетуваат по погрешни личности, особено по оние со кои немаат ништо заедничко.

Текстот Хороскопски знаци што секогаш избираат погрешен партнер е превземен од Reporter.mk.