Хрватите самите си забија гол со појавувањето на Томпсон

Хрватска постигна автогол по Светското првенство, пишува Фајненшел тајмс, по подов дочекот на хрватските фудбалери во Загреб со настапот на Марко Перковиќ Томпсон.

Британскиот весник во текстот наведува дка хрватскиот пат до финалето ги тргнал на страна проблемите околу пензионерските реформи, економијата и масовната емиграција, а некои само се фокусирале на тоа како играчите како што се Лука Модриќ и Марио Манџукиќ ги надминале несреќите и раселувањата за време на војните во 1990-тите години.

Но, кога изведувачот Марко Перковиќ излегол на бината во Загреб и ја отпеал неофицијалната химна на репрезентацијата „Убава ли си“, расположението се променило, наведуваат во Фајненшел тајмс.

„Перковиќ, познат како Томпсон, е националистички пејач кој пее за ерата на геноцид и концентрациони логори за време на Втората светска војна, кога Хрватска ја воделе фашисти“, посетува весникот и оценува дека неговиот настап во Загреб, на повик на хрватскиот тим, ги разбранил тензиите во друштвото поврзани со војната во деведесетите години.

Многумина оцениле дека неговото присуство на прославата го политизирало, тоа што требало да биде момент на заедништво.

„Овој светски шампионат значи обединување, затоа што буквално сите навиваат за Хрватска, по дома, но и во регионот. Но сега внатре во Хрватска постои нешто како што се горчина и разочарување, а постои и впечаток дека некои симболи се офрбани со политичка боја. А тие кои што не се согласуваат со она што Томпсон го претставува, се означени како да не се доволно Хрвати“, изјавила Тена Прелац од Лондонската школа за економија.

Во Хрватска, како што се наведува во текстот, сеуште постои дебата за историјата на Втората светска војна.
Фајненшел тајмс потсетува дека групата ветерани во 2016 година во Јасеновац поставила плоча на која пишува „За татковината подготвени“.

Ни речиси година дена подоцна, плочата од местото на која се убиени 83.000 Срби, Евреи и Цигани, не е отстранета.

Фудбалот како што се наведува помогнал во создавање на националната гордост со оглед на тоа дека Хрватска била трета во светот во 1998 година, само три години од завршувањето на војната со Србија и Босна.

„Фудбалската победа го одредува националниот идентитет исто како и војните“, изјавил своевремено хрватскиот претседател Фрањо Туџман.

„За многу Хрвати, националниот тим е еден од светите елементи кои ја создаваат нацијата“, изјавил аналитичарот Дарио Брентин, кој се занимава со анализа на фудбалот и национализмот на Балканот.

Но, блиските врски меѓу националниот тим и Томпсон за многумина ја преминаа линијата, пишува ФТ.

Фудбалерот Иван Ракитиќ објавил фотографија со Томпсон со опис „кралот стигна“.

Три дена по дочекот, тоа „селфи“ стигна до бројката од 640.000 лајкови.

Селекторот Златко Далиќ го бранел настапот на Томпсон, додека другите сметаат дека на него не му било местото таму.

„Вие сте пример. Немате право на Томпсон. Томпсон е поларизиран феномен во Хрватска и злосторник во оставка“, напишал Гордан Духачек во колумната за Индекс.хр.

Директорот на центарот Симон Визентал и ловец на нацисти, исто така изјавил дека Томпсон не требал да биде гостин никаде.

 

 

Текстот Хрватите самите си забија гол со појавувањето на Томпсон е превземен од Reporter.mk.