Хрватка избркана од Белата куќа поради конфликт со Меланија Трамп

Меланија Трамп побарала од Белата куќа да ја прекине соработката со заменик советникот за национална безбедност Мира Рикардел, изјавила портпаролката на канцеларијата на првата дама Стефани Гришам.

Инаку Рикарделова е родена како Радиеловиќ ѝ е со потекло од Хрватска. За заменичка на американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон, била именувана на почетокот на оваа година.

„Ставот на канцеларијата на првата дама е дека таа повеќе не ја заслужува честа да служи во Белата куќа“, изјавила Гришам, пренесува Ројтерс.

Гришам на овој начин одговорила на наводите дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да ја смени Рикардел, по нејзиниот конфликт со Меланија Трамп.

Од 1989 година до 1996 година, Рикардел била помошник на лидерот на републиканците во Сенатот, Боб Дол, а поради хрватското потекло ја обвинувале дека се обидувала да влијае на Дол за да завземе антисрпски став.

 

Како што се наведува на Википедија, Рикарделова на почетокот на војната во Хрватска и БиХ се истакнала како една од главните лобистки за хрватските интереси во Вашингтон.

Текстот Хрватка избркана од Белата куќа поради конфликт со Меланија Трамп е превземен од Reporter.mk.