Времето изутринава е умерено до значително облачно и многу студено. Локално во северните делови во Лазарополе, Тетово и Маврово провејува снег.
Во текот на денот ќе биде студено, наутро и претпладне со услови за слаб снег претежно во западните планински делови. Ќе дува умерен до краткотрајно засилен северозападен ветер. На југоистокот ќе е претежно сончево. Температурите ќе се движат од -6 до 2 степени.
Во Скопје, претпладне со услови за појава на слаб снег и од претпладне со умерен до засилен северозападен ветер. Попладне со сончеви периоди, со температура до 2 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски и до -18 степени во Пелагонија и Малешевијата, а најстудено ќе биде утре наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени. Нови пообилни врнежи од снег ќе има во среда од запад, иако на истокот наутро се уште ќе е многу студено.
Текстот И денес во Скопје можни врнежи од снег е превземен од Reporter.mk.