Како се поврзани хороскопот и фитнесот и која е вистинската активност за вас од која нема лесно да се откажете, прочитајте во продолжение:
Овен
Боксот – одлична вест за сите припадници на овој хороскопски знак. Овновите се идеални кандидати – тие се храбри, оптимистични и секогаш активни, а тоа е она што се бара во рингот.
Бик
Бикот е роден да вози велосипед или да се занимава со спорт кој нема да го измори многу. Затоа пилатесот или јогата се иделаен избор, но сето тоа да го комбинира со помалку храна и слатки.
Близнаци
Близнаците, општо во животот се тимски играчи, па затоа најдобро би се снашле и во таквите спортови – одбојка, кошарка, ракомет па дури и фудбал. Со оглед на тоа што Близнаците никогаш не мируваат, тие можат да направат комбинација од неколку физички активности со кои ќе го пополнат слободното време.
Рак
На овој хороскопски “самец” не му е потребен социјалниот аспект на групните фитнес програми. Раковите најмногу уживаат во интимата на сопствениот дом, вежбајќи HIIT (интервален тренинг со висок интензитет) со помош на апликација или преку видеа за јога.
Лав
Креативните, храбри и издржливи Лавови секогаш бараат повеќе. Прифатете го предизвикот за CrossFit тренинг, бидејќи телото и умот ќе ви бидат благодарни.
Девица
Девиците се чувствителни, често срамежливи и секогаш поради нешто загрижени. Но, поради својата прецизност и посветеност кон деталите, тие со сигурност ќе уживаат во класичниот тренинг со јажиња.
Вага
Вагата најдобро функционира во пар. Кај нив не е толку важно со кој спорт се бават, сè додека не се сами во истиот. Рецептот за истрајност во вежбањето е едноставно да го пронајдете совршениот фитнес партнер.
Стрелец
Припадниците на овој хороскопски знак најмногу сакаат да патуваат и да го поминуваат своето време на свеж воздух. Затоа планинарењето е најдобрата вежба за Стрелците, уживајќи на локалните планинарски патеки.
Шкорпија
Шкорпиите се многу интензивни личности. Тие се храбри, страствени и понекогаш тврдоглави. Сакаат спортови кои ги “поместуваат границите” – боречки вештини, ултрамаратонско трчање па дури и падобраноство.
Јарец
Силен, дисциплиниран и одговорен – Јарецот не се откажува без оглед на тоа колку е тежок предизвикот. Сè што ќе замисли, тој спроведува во дело. На Јарците најмногу им одговара велосипедизам и некои екстремни планинарски варијанти.
Водолија
Без оглед на тоа дали се работи за јога или велосипедизам, она што Водолиите првенствено го очекуваат од вежбањето е дружбата. Тие се најсреќни кога ќе успеат да пронајдат партнер со кој ќе уживаат во некој групен тренинг, а поради нивниот друштвен аспект, тие нема да се изморат од ваквата активност.
Риби
Очигледно е дека Рибите најдобро се чувствуваат во вода. Затоа, доколку припаѓате на овој хороскопски знак, упатете се кон најблискиот градски базен и пливајте неколку пати во неделата. Едно е сигурно – вие ќе станете зависни од ритмичкиот облик на вежбање, со кој никогаш нема да Ви биде здодевно.
Текстот Идеалниот тип на вежбање според хороскопскиот знак е превземен од Reporter.mk.