Основачот на компанијата „Спејс Икс“ и „Тесла“, милијардерот Илон Маск, сака да лансира 10.000 ракети на Марс, пишуваат светските медиуми. Маск работи на термонуклеарни експлозии на половите на оваа планета, заради тераформирање и создавање на услови за живот на црвената планета.
Маск тоа го објаснил за време додека ја коментирал изјавата на извршниот директор на „Роскосмос“, Александар Блошенка, за перспективите на програмата и науката и неопходноста од количините на ракети, заради промената на климата на црвената планета.
„Нема никаков проблем“, порачал кратко Маск.
Претходно, тој предложил на Марс да се создадат услови за живот, со спроведување на големи серии на термонукларни експлозии на половите на оваа планета.
Според идејата на Маск, тоа би довело до испарување на замрзнатиот јаглендиоксид, од кој се состојат ледените капи на половите на Марс. Гасот кој би испарил, би создал густа атмосфера, што би предизвикало ефект на стаклена градина и зголемување на температурата.
Како одговор на ова, Блошенко изјавил дека за термонуклеарна експлозија на половите на Марс, би требало да се лансираат околу 10.000 најмасивни ракети. Сепак, според негова проценка, не е реално да се очекува дека во скора иднина, човештвото ќе може да влијае на промената на климата како на Марс, така и на Венера.
Текстот Илон Маск сака да лансира 10.000 ракети на Марс е превземен од Reporter.mk.