Сè помал број родители во Австрија им го даваат името Адолф на своите деца. Како што покажуваат статистичките податоци, името на поранешниот фирер полека исчезнува од земјата.
Истражувањето направено во Австрија, по повод излегувањето на новиот филм „Име“, во кој брачен пар сака на своето дете да му го даде името Адолф, покажало дека тоа име станува непожелно меѓу населението.
Името Адолф пред 70 години било на врвот на ранг-листата на најомилени имиња и секогаш било меѓу водечките. Тоа денес не е така. Адолф е име што станува непожелно.
Во 1984 година само 11 родителите во светот му го дале името Адолф на своето дете. Минатата година не е забележан ниту еден случај во кој родителите си го кристиле својот син или ќерка по името на некогашниот германски водач.
Во 1984 година само 11 родители на своето дете му го дале ова име, а минатата година не бил забележан ниту еден ваков случај. Во 2016 година само една двојка го крстила детето со име Адолф.
Овој случај бил забележан во покраината Корушка. Во последните 20 години, само во 1998 година и 2003 година биле забележани поголем број случаи во кои родителите си ги крстиле децата Адолф.
Името Адолф се врзува со Адолф Хитлер, кој е роден во австрискиот град Браунау.
Текстот Името Адолф исчезнува од Австрија е превземен од Reporter.mk.