Индиец ќе потроши 100 милиони долари за венчавката на ќерка му

Индија се подготвува за венчавката на годината. Иша Амбани, ќерката на најбогатиот човек во Азија, нафтениот и телекомуникациски тајкун Мукеш Амбанија (61) ќе се омажи за Андан, синот на друг индиски милијардер Ананда Пирамала.

Прославата на венчавката ќе трае недела дена, а севкупните трошоци ќе надминат над сто милиони долари. Гостите веќе ги добиле поканите, а меѓу нив се најдоа пејачката Бојонсе и сопругата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, Хилари Клинтон, пренесува „Тајм“.

Бијонсе ќе имала и приватен концерт за загревање на гостите на свадбата. Мукеш тежи повеќе од 45 милијарди долари, што го става на врвот на светските богаташи. Сопственик е на џиновско деловно царство, но ја поседува ѝ најскапата приватна куќа на светот со 27 ката, која вреди милијарда долари.

Мукеш ќе ѝ овозможил на својата ќерка луксузна венчавка и досега платил повеќе од сто чартер авиони за гостите кои треба да пристигнат од сите делови на светот. Поканети се 5100 гости.

Главната церемонија ќе се одржи во Мумбаи во семејната резиденција. По венчавката, младенците ќе се преселат во зградата Гулит во Мумбаи, чија внатрешност е обликувана со дијаманти и чија вредност се проценува на 64 милиони долари.

 

 

Текстот Индиец ќе потроши 100 милиони долари за венчавката на ќерка му е превземен од Reporter.mk.