Индиец не сакал да чека во долгиот ред со патници на аеродром, па се маскирал во пилот

Индиецот Рајан Махбубани сакајќи да го избегне долгиот ред за време на пасошката контрола на аеродром, се маскирал во пилот. Тој се облекол во униформа од компанијата „Луфтханза“ и успеал брзо да се качи на авионот. Надлежните откако ја откриле измамата, го упсиле во Њу Делхи.

„Рајан со себе имал и фалсификувана картичка на компанијата „Луфтханза“, изјавил заменик началникот на полицијата, Сањај Батија.

Рајан бил задржен на излезната врата од летот кон Калкута, откако шефот на обезбедувањето на „Луфтханза“, предупредил на сомнителен патник кој носел униформа на истоимената компанија.

За време на испрашувањето, Махбубани признал дека често патува со униформа за да избегне долгите редици на луѓе за време на пасошката контрола.

Текстот Индиец не сакал да чека во долгиот ред со патници на аеродром, па се маскирал во пилот е превземен од Reporter.mk.